Мед и цимет - лек за сите болести

Posted by on in ХРАНА
  • Font size: Larger Smaller
  • Hits: 953
  • 0 Comments
  • Subscribe to this entry
  • Print

Креирано во: 12.11.2012

Фантастично здрава и вкусна комбинација: МЕД и ЦИМЕТ

Комбинацијата од мед и цимет уште од антички времиња се сметала за еликсир на здравјето и долговечноста. Старите народи верувале дека таа може да направи да прогледаат слепите, па дури и да се  кренат  оние кои с е  на  смртна постела. На Исток медот со цимет традиционално се користи за лечење на речиси сите болести и психички тегоби.

Научните истражување покажаа дека комбинацијата на мед и цимет има навистина фантастични лековити својства како регенерација на организмот, подигнување на отпорноста на организмот и дека воопшто, медот и циметот употребени како лек имаат благотворно дејство на целото тело.

Меѓу зачините кои им даваат посебна арома и мирис на слатките, како и на другите јадења, циметот завзема единствено место. Иако постојат стотина врсти и подврсти на билката цимет, како зачин се користат две врсти на цимет: cinnamomum verum т.е. прав цимет, кој доаѓа од Шри Ланка и касија цимет или cinnamomum cassia.

Цејлонскиот цимет се продава во вид на стапчиња, има понежна и попријатна арома, додека касија циметот има поостар мирис и пецкав лут вкус. Цејлонскиот цимет може да се јаде во неограничени количини, но касија циметот, кој има појак вкус и црвенкаста боја, содржи кумарин, токсична хемиска супстанција која, доколку се зема во големи количини, може да предизвика вртоглавица, мачнина, слабост, оштетување на црниот дроб, на бубрегот, па во најтешки случаи да предизвика внатрешно крварење и смрт. Затоа не се препорачува касија циметот да се консумира во поголеми количини.

Медот и циметот доколку се употребуваат посебно имаат своја лековита моќ, а како мешавина мед и цимет е вистински еликсир за здравје и догловечност.

Креирано во: 12.11.2012

Во продолжение следуваат најблаготворните рецепти и употреби на овие две лековити состојки.

За јакнење на имунитетот
Медот и циметот употребени во комбинација, со редовна употреба го јакнат имунитетот и успешно го штитат организмот од вируси и бактерии.

За варење на храната
Употребата на медот ги јакне белите крвни зрнца во борба против секоја болест, а циметот во комбинација со мед го подобрува варењето. За тоа е потребно пред јадење да се земат двелажици мед со цимет со шпо се олеснува варењето и на најтешките оброци.

За долговечност
Хунзите се народ кој добро ја познавале лековитоста на циметот и медот. Тие секојдневно уживаат во чај од цимет и мед, а нивната долговеќности виталност се должи токму на оваа комбинација. Според научниците таа го успореува процесот на стареење, го продолжува животниот век, а кожата ја прави свежа, нежна и еластична. Рецептот за ова гласи вака: една лажица цимет и четири лажици мед се варат во една чаша вода. Оваа течност се дели на четири дела и се пие во текот на денот (4 пати дневно).

Рак на коските и на стомакот
Некои истражувања потврдија дека со мешавината мед и цимет успешно се лечи рак на коските и на стомакот. За тоа е потребно секојдневно да се зема мешавината од една голема лажица мед и едно мало кафено лажиче цимет, еден месец, по три пати дневно.

Воспаление на зглобовите (артритис)
Наутро и навечер се зема по една чаша жешка вода во која добро е измешана една мала лажица цимет и две големи лажици мед. Долготрајната терапија може да доведе до лекување и на хроничниот артритис.

Против ќелавост
Во врело маслиново масло да се измеша голема лажица мед и една мала лажица цимет. Оваа смеса да се втрие во коренот на косата и да се остави даделува 15 минути. За неколку дена коренот на косата треба да зајакне и косата да престане да опаѓа.

Против забоболка
Најмалку три пати дневно на болниот заб да се нанесува мешавина од мед и цимет.

Против холестерол
Три мали лажици цимет и две големи лажици мед да се измешаат во 4 децилитри чај (најдобро е да се користи чај). Да се пие три пати на ден.

Настинки
Редовната употребан на мед и цимет ја намалува опасноста за настинки и инфекција на бешиката.  Во една голема лажица млак мед се меша една четвртина мала лажица цимет. Мешавината се зема три пати дневно во текот на три дена и настинката ќе исчезне. На овој начин успешно се чистат и синуси и се лечи хронична кашлица.

Инфекција на бешиката
Да се измешаат две големи лажици цимет и една мала лажица мед во 2dl млака вода и да се испијат. Оваа смеса ја прочистува бешиката и ги уништува бактериите.

Срце, нервоза и болки во стомакот
Мед и цимет за појадок. Доколку редовно за појадок се јаде леб намачкан со мешавина од еднакви делови цимет и мед тоа ќе има благотворно дејство на нервниот систем, стомачните болки, чир на желиднокот и гасови во стомакот.

Против замор
Една половина од голема лажица мед и една четвртина од мала лажица цимет да се изматат во 2dl вода. Да се пие наутро на празен стомак и попладне вотекот на седум дена. За тоа време на организмот ќе му се врати силата и виталноста.

Мозолчиња и инфекции на кожата
Докажано е дека медот и циметот можат да ја спречат појавата на лишаи, егземи, мозолчиња, акни и слични инфекции на кожата, доколку лицето редовно се третира со мешавина од еднакви делови мед и цимет.

Против акни да се измешаат три големи лажици мед и една мала лажица цимет. Да се нанесува на заболените места секоја вечер пред спиење.

За слабеење
Можеби звучи малку чудно, но медот и циметот можат да послужат и како средство за слабеење. Мешавина од еднакви делови мед и цимет сварена воедна чаша вода, не дозволува на маснотиите да се таложат во организмот. За тоа е потребно да се пие два пати дневни по една чаша од овој напиток, наутро половина час пред јадење и навечер половина час пред спиење.

Лош здив
Секое утро да се испере грлото со млака вода во која е измешана една лажица цимет и една лажица мед.

За подобрување на слухот
Секое утро и навечер, да се зема мешавина од еднакви делови мед и цимет.

 


0

Comments