Што вели Библијата за вистинската жена...

Posted by on in КАРАКТЕР
  • Font size: Larger Smaller
  • Hits: 666
  • 0 Comments
  • Subscribe to this entry
  • Print

Креирано во: 08.03.2013

Кој ќе најде добродетелна жена? Таа вреди повеќе од бисери.

 Мажовото срце се надева во неа, и не ќе му недостига печалба.

 Таа му прави добро, а не зло, во сите дни на својот век.

 Набавува волна и лен, и вешто работи со своите раце.

 Таа е како трговски брод: оддалеку го донесува својот леб.

 Таа станува уште во ноќта, ги храни своите домашни и им одредува работа на своите прислужнички.

 Ако забележи нива ја купува; со плодот на своите раце сади лозје.

 Со сила ги опашува своите бедра, и ги зајакнува своите мишки.

 Гледа како и напредува работата: ноќе не и гасне светилката.

 Со рацете посегнува по предилката, и со прстите го држи вретеното.

 Ја отвора својата дланка на бедниот, ги испружува рацете кон оној кој има потреба.

 Не се бои од снегот за своите домашни, зашто за сите деца има по две облеки.

 Сама си шие покривачи, се облекува во лен и во црвено сукно.

 Мажот и е славен на Вратите, каде што седи со земните старешини.

Ткае платно и го продава, и дава појаси на трговецот.

 Облечена е со сила и достоинство и весело гледа на иднината.

 Мудро ја отвора својата уста, и побожна наука и е на јазикот.

 Внимава на поведението на своите домашни, и не го јаде лебот на мрзливоста.

 Нејзините синови се подигаат и ја наречуваат среќна, и нејзиниот маж ја фали:

 „Многу жени беа добродетелни, но ти ги надминуваш сите.”

 Миловидноста е лажлива, убавината е суетна: Жена со страв од Господа, заслужува пофалба.

 Дајте и од плодот на нејзините раце, и нека нејзините дела ја прославуваат на Вратите.

Last modified on
0

Comments